Како да започнат сопствен бизнис студентите и младите претприемачи, но и да се здобијат со поголеми знаења за претприемаштвото е основната цел на проектот што го подготви Министерството за економија, а ќе го реализира заедно со Министерството за образование и наука, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Бизнис старт-ап центарот и стопанските комори. За проектот насловен како "Биди перспективен, започни свој бизнис" беше објавен јавен повик согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година, при што за најуспешните бизнис-планови следува парична награда која ќе им овозможи да започнат сопствен бизнис. За првонаградениот ќе бидат обезбедени 330.000 денари, второнаградениот 230.000 денари и третонаградениот 140.000 денари.
Како да започнат сопствен бизнис студентите и младите претприемачи, но и да се здобијат со поголеми знаења за претприемаштвото е основната цел на проектот што го подготви Министерството за економија, а ќе го реализира заедно со Министерството за образование и наука, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Бизнис старт-ап центарот и стопанските комори.
Како што објасни Ваљон Сараќини, министер за економија, за проектот насловен како "Биди перспективен, започни свој бизнис" беше објавен јавен повик согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година, при што за најуспешните бизнис-планови следува парична награда која ќе им овозможи да започнат сопствен бизнис. За првонаградениот ќе бидат обезбедени 330.000 денари, второнаградениот 230.000 денари и третонаградениот 140.000 денари.
- Целта е со овој проект да создадеме силна врска меѓу бизнисот и образованието, која е неопходна за успешно отпочнување на нови бизниси и за зголемување на бројот на нови и иновативни претпријатија, за да го намалиме притисокот за вработување, присутен во актуелниот бизнис амбиент - вели Сараќини.
Според него загрижува фактот дека се зголемува бројот на млади невработени, која би можела во голема мерка да биде олеснета доколку бизнисот и образовниот систем работат заеднички.
- Неделава го објавивме јавниот повик до сите студенти и млади претприемачи, за да аплицираат со идеи кои ќе бидат евалуирани од страна на посебна комисија, при што оние студенти на кои идеите ќе бидат избрани, ќе поминат низ обука составена од 13 модули, со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план, а после обуката, студентите ќе бидат повикани да конкурираат со нивните бизнис планови, кои ќе бидат предмет на евалуација од страна на специјализирана комисијата - информира Сараќини и додава дека ќе има избор на три најдобри бизнис-планови, а на победниците ќе им се доделат ваучери, со кои ќе се обезбеди техничка и финансиска помош за основање на компанија.